(ФОТО) ПОГОДЕН СЕВЕРОТ НА ХРВАТСКА: Паѓаше град со големина на лешник
Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2020
Силно невреме ја зафати северна Хрватска, и падна град со големина на лешник.
Во Меѓумурје паѓал град, а улиците во еден момент се забелиле, пишуваат хрватските медиуми.
Дувал и силен ветер,а противпожарната служба информираше дека нема пријави за проблеми на теренот.
На 26 мај имаше невреме во Загреб.И при крајот на февруари, во земјата имаше невреме проследено со град, снег и дожд.