(ФОТО) Постери против пратеници кои го одобруваат Преспанскиот договор
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2019
Солунските улици денеска осамнаа преплавени со постери на грчки пратеници кои најавија дека ќе ја поддржат ратификација на Преспанскиот договор.
Под фотографијата на секој пратеник стои пораката "Дали ќе ја предадеш нашата Македонија?"
Владеачката Сириза, во соопштението, го опишува овој потег како "организирано заплашување на членовите кои ќе гласаат за Спогодбата од Преспа со фашистички методи". При тоа, од таму порачаа, дека секој пратеник во грчкиот праламент ќе биде заштитен без разлика на неговото политичко убедување.