24 Април, 2024
0.0245

(ФОТО) ПРЕД И ПОТОА: Колку штета и нанесоа пожарите на Австралија

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Пожарите кои со месеци беснеат во Австралија, уништија многу куќи, но и цели градови. Од почетокот на пожарната сезона на 2019 година изгореле 10 милиони хектари земја.

Загинале 25 илјади коали а изгорела и третина од oстровот на Кенгурите.

Се верува дека 480 милиони животни смртно настрадале. Оваа бројка вклучува птици, влекачи и цицачи.


Експертите стравуваат дека некои билни и животински видови поради овој пожар и изумреле.


Денеска во Канбери, квалитетот на воздухот е оценет како трет најлош меѓу сите големи светски градови.


Исто така, ни временската прогноза не им оди од рака на австралиските пожарникари.


Според најавите на метеоролозите, температурите веројатно повторно ќе се зголемат во петок, што предизвикува страв дека пожарите би можеле да создадат нов голем пожар.


Во разорните пожари изгоре и третина од австралискиот остров на Кенгурите. НАСА проценува дали во пожарите изгореле 155 000 хектари, нарекувајќи ја ваквата ситуација „еколошка трагедија“.


Островот на Кенгурите е сместен на јужниот брег на Австралија, а е познат по својата недопрена природа.


На него се наоѓаат заштитен природни резервати преполни со локани диви животни, како морски лавови, коали и разновидни птици.


„Луѓето го нарекуваат ова место Ноевата арка. Островот е засолниште за многу животни. Ова е најголемиот пожар што сме го виделе досега“, вели екологот Хајди Груфен.


Во овој голем пожар уништени се 2.000 домови и близу 150 пожари сè уште се активни во земјата.


Најмалку 25 лица загинаа во пожари од септември годинава.


Советот за осигурување во Австралија процени дека штетата достигнала близу 500 милиони американски долари, но се очекува трошоците значително да пораснат.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството