(ФОТО) ПРИКАЗНА ОД СИЕРА ЛЕОНЕ: Сиромашно момче од ѓубре направило бизнис
Објавено во: Свет 04 Декември, 2019
Месец дена по големата поплава во Фритаун во Сиера Леоне, се слушнала експлозија и реката носела дрва, смет, парчиња земја, при што убила 1.100 луѓе, меѓу кои биле и седум члена на семејството на Алхаји Сирај Баха.
И тој сигурно би загинал, но бил трета смена на работа. Тогаш имал 17, а денес има 20 години. Од 12 години е без татко, заминал во главниот град, и работел било што за да преживее.
На телевизија слушнал дека Фритаун нема организирано собирање отпад, и решил со последните 20 долари да ги вложи во собирање на пластичен отпад.
Работел по 16 часа дневно и правел кеси сочинети во 70 отсто од листови од банана за собирање на смет.
Нив ги продавал на локалните претприемачи, а на кесите го ставал своето лого.
„Многу е тешко она што го работам, затоа што јас сум прв што ова го правам во целата земја. Но, мораме да правиме рециклирање на смет“, вели момчето.
Баха произвел скоро 250.000 кеси. Тој од Јутјуб научил да направи брикети кои не создаваат чад, и кои согоруваат за четири часа побавно од јаглен и дрва.