(ФОТО) ПУКАЊЕ ВО ПАРИЗ: Кој е убиен?
Објавено во: Свет 20 Април, 2017
Еден полицаец е убиен, еден е ранет при пукање во Париз, а застрелан е и напаѓачот, пренесе Ројтерс.
Настанот се случил на Елисејските полиња, каде напаѓачот почнал да пука кон полицајците.
Забранет е пристап до местото каде имаше пукање. Неофицијално најден е и сомнителен пакет.
Пукањето се случува на пет дена пред претседателските избори во Франција.
Од 2015 година земјата е под зголемена будност заради нападите.