24 Април, 2024
0.0238

(ФОТО) РАЈ НА ЗЕМЈАТА: Овие плажи се најубави на Јадранот

Објавено во: Стил 15 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Иако на познатите одмаралишта ширум Грција и Шпанија не можеме да им замериме ништо што се однесува до бистрото море и уредени плажи, па и одлични морски ресторани и сјаен ноќен живот, тука е еден значаен детал кој сепак недостига и со кој може да се пофали исклучиво со јадранското приморје.

Во прашање е природно шумско опкружување, кое доживувањето на одморот го прави уште попријатен, но и благотворен за целиот организам.

Доколку летувате на Јадранот ние ви препорачуваме да ги посетите овие плажи:

1. Плави хоризонти-Црна Гора

Плави хоризонти се наоѓаат во дното на заливот Пржно кој се смета за еден од најубавите на овој дел од полуостровот Луштица, како и на Црногорското приморје. Се наоѓа на отворено море, со истоимениот хотел со ситен (лековит песок). Посебна вредност на плажата се маслинките и боровата шума во чија ладовина уживаат бројни капачи. Плиткото дно се пружа далеку во морето па е погодно за деца и непливачи долго 350 метри.

2. Златни рат, Хрватска

Оваа плажа сме сигурни дека е најпозната и најфотографирана плажа на Јадранот поради изразената атрактивност. 

3. Рајска плажа Хрватска

Во местото Лопар на островот Раб, се крие висинско богатство, песочната Рајска плажа долга речиси километар и пол. Поради квалитетот на животната средина и чистота плажата има Плаво знаменце.

4. Дерми Албанија

Дерми можеби не е стилизирано место, но секако нуди единствен рустичен шарм. Ова јужно албанско село се наоѓа на три часа возење од Тирана, а покрај главната плажа, постојат и оние кои се малку подалеку, но се и многу убави. Прашајте ги мештаните за правец и упатете се кон овие убави предели.

5. Големиот песок, Црна Гора

Добрата вода е мало и мирно туристичко место. Само на неколку минути од местото се наоѓа плажата Голем песок а мештаните ја нарекуваат и вистинско богатство. Можеби затоа што е опкружена со маслинки и чиста вода.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган