(ФОТО) СЕ СУДРИЈА ДВА ВОЗА: Излетаа вагони од шини, загина жена
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2018
Два патнички воза се судрија во близина на местото Никласдорф во австриската покраина Штаерска, при што загина една жена, а повредени се 22 лица.
Жената која загина најверојатно е патничка во возот кој се сообраќаше од Грац кон германскиот град Сарбрикен.
Меѓу повредените има и три деца.Во железничката несреќа се судрија воз на Еуросити, што сообраќаше од Грац кон Сарбрикен и локален воз.
При судирот повеќе вагони излетаа од шините.
Засега не е позната причината за железничката несреќа.
Повредените се однесени во болница.