(Фото) Сиднеј цела година се подготвуваше за дочекот, потроши 3,5 милиони долари и на крај се посрамоти
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2019
Сиднеј, еден од градовите низ светот познати и по спектакуларните организации на јавни новогодишни дочеци, се посрамоти со детал на бимот поставен пред Опера хаус кога на полноќ беше истакната честитката „Среќна нова 2018-та“.
Инаку Сиднеј преку цела година се подготвува за оваа прослава, а само за огнометот биле потрошени 3,5 милиони долари за беспрекорно славје.
Извршната продуцентка за медиумите открила дека на организаторите воопшто не им е драго за грешката, но се случува.
На крај сите се насмеавме и решивме да гледаме напред – изјави Ана Мекнерни