(ФОТО) Силјановска со џус и семејството го помина Први мај
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2019
Денот на трудот за многумина е ден кој треба да се помине со најблиските. За таков помин се одлучила и Гордана Силјановска Давкова .
Први мај е голем празник за нашето семејство. Секогаш сме го славеле заедно. Работата го прави човекот! Трудот треба да се цени и наградува и дома и на работа! - напиша на социјалните мрежи кандидатката за претседател од редовите на ВМРО ДПМНЕ Силјановска Давкова.
Професорката празникот како што напиша го поминала во друштво на семејството, сопругот Баже, ќерката Марија и нејзиниот тим во амбиент на винарија “Сопот” .
Имено, ова е прв пат Силјановска да го покаже семејството во јавноста.