(ФОТО) СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: Поплавени и уништени домови на повеќе локации
Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2020
Силно невреме ја зафати Грција.
Во неколку општини на Атика ветерот корнел дрвја и уништувал домови.
Бурата предизвикала голема штета, посебно во областите Неа Јониа, Перистери, Егалео, Галаци и Нео Ираклио, каде паѓале дрва, биле корнети тенди и оштетени кровови, а некои куќи се поплавени, пренесува "ANA".
Невремето го погодило и познатото грчко летувалиште Неа Мармарас, на Халкидики.На 21 септември големо невреме имаше во Кефалонија, која стана непрепознатлива.