(ФОТО) СЛИКИ ОД МЕСТОТО НА УЖАСОТ: На ова место загина Коби Брајант
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2020
Луѓето кои стигнале на местото каде падна хеликоптерот со познатиот кошаркар Коби Брајант, затекнале голем пожар. Фотографиите го покажуваат ужасот на катастрофата во која загинаа девет луѓе, меѓу кои и славниот кошаркар и неговата 13-годишна ќерка.
Патниците и пилотот немале шанса да го преживеат ударот со брзина од скоро 300 километри на час и пожарот кој следувал веднаш по падот. Сведоците во чија близина падна леталото, велат дека насекаде летале парчиња и дека многу подоцна разбрале дека меѓу загинатите е и Коби Брајант.