(ФОТО) Сликите доказ дека се дивеело во МНТ, „шверцерите“ негираат дека тие се виновниците
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019
„Ние сме навивачи и навивањето е нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза“.
Ова е ставот на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб Шкупи по инцидентот во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот народен театар.
Од таа навивачка група негираат дека кршеле, дивееле и дека упатувале навредливи зборови, образложувајќи дека информациите за „дивеење“ се невистинити и шпекулации.
Тие тврдат дека во МНТ дошле организирано и го следеле документарниот филм за оваа навивачка група и доделувањето признаници на еминентни личности од фудбалската живот.
Сепак и три дена реакциите за случувањата не стивнуваат. Критичарите на овој настан велат дека Македонскиот народен театар е објект во кој треба да се промовира културата и уметноста, а не примитивизам.Фотографиите на Фактор се доказ дека сепак таа вечер имало кршење на инвертарот и се корнеле орнаменти од ѕидовите внатре во објектот.