25 Април, 2024
0.0902

(ФОТО) Соседите во шок, раскажуваат стравични детали од несреќата кај Шабац: „Глетката беше морничава“

Објавено во: Балкан 28 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Во тешката сообраќајна несреќа кај Шабац во селото Табановиќ вчера утрото загинале четири млади лица, а едно е повредено.

Соседите ги разбудил силниот удар во бетонскиот столб во кој автомобилот на крај удрил.

-Мене ме разбуди брат ми, тој прв го слушнал звукот. Јас го извадив акумулаторот од автомобилот да не се запали. Мртвите тела беа насекаде, од овде па дваесет метри понатаму, тоа беше се расфрлано. Една девојка лежеше таму, една овде. Двајца мртви имаше во автомобилот а единствено девојката која возела беше жива. Меѓутоа, таа е во шок, не знае каде се наоѓа. Тоа се деца од 18 до 20 години. Ужас-вели Милан Илиќ кој меѓу првите дотрчал да помогне, пренесуваат српски медиуми.

Како што се пишува до несреќата дошло кога автомобилот „форд фиеста“ излетал од патот и удрил во столб за јавно осветлување, а во смачканиот автомобил се наоѓале пет млади лица од 18 до 20 години. Четворица од нив биле од Мачвански Причиновиќ, додека една другарка од Шабац.

На местото на несреќата животот го загубиле три девојки и едно момче, додека 20 годишната девојка која го управувала возилото е повредена и префрлена во болницата во Шабац.

-Јас од силниот удар паднав од кревет, а подоцна, кога слушнав што се случило, не смеев да излезам надвор. Снаата и синот се обидеа да помогнат. Оваа девојка што преживеа, седеше овде. И донесов чаша вода а таа ми рече да идам да видам дали Сара е жива. Јас и велам дека не смеам од страв-раскажува Драгица И. пред чија куќа се случила несреќата.

-Катастрофа. Таму беше девојката, овде една рака. Таму во колата двајца мртви, што да кажам...-вели Милан Н.

Едната преживеана девојка, чија сестра загина во несреќата е во стабилна состојба.

Според неофицијални информации, се претпоставува дека причина за оваа трагедија е неприлагодена брзина а младите најверојатно се враќале од ноќна забава.


Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“