(ФОТО) СРБИ РАСКАЖУВААТ: Како е на Сент Мартин по ураганот Ирма?
Објавено во: Свет 13 Септември, 2017
Едно момче го изгубило пасошот по што е вратено од аеродром.
Меѓу „заробените“ Срби има и два бебиња на возраст од 3 и 5 месеци.
На островот Сент Мартин по ураганот Ирма луѓето се без храна и вода.
Состојбата е алармантна, а како што пишуваат српските медиуми постојат сомнежи дека 100 луѓе се убиени.
Локалното население и туристите се „заробени“ на островот.
На холандската страна од островот има околу 50 Срби.
„Слушнавме дека на другата страна е хаос, а овде брзо се слуша. Турците и Американците со авиони дојдоа да ги евакуираат своите државјани, а по нашите никој не дојде“ - велат Србите.
Ураганот го уништи островот и остави урнатини. Според BBC се очекува бројот на жртви да расте.