(ФОТО) СТРАВИЧНА ТРАГЕДИЈА: Загина млад возач на автобус во Земун
Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2020
Во стравичен судир на два автобуси и еден автомобил, кој се случил околу 4 часот во српски Земун настрадал млад возач на градски автобус . Како што е објавено на Фејсбук страницата на тоа претпријатието се работи за 31 годишниот Бојан Периќ.
Колегите на возачот се простуваат од младиот Бојан, наведувајќи дека е голема тага тоашто се случило.
Имено, српските медиуми ги објавија и првичните фотографии од тешката сообраќајна несреќа.
Како што се пишува, неофицијално, несреќата на предизвикал возач на автомобил кој се обидел да избега но набрзо е уапсен. Истрагата е во тек а се судриле два автобуси, еден од градски, еден приватен и едно возило на улицата Цар Душан.
Автобусот чиј возач загина, наводно возел празен од гаражата во Земун да се вклучи на линијата 15.