(ФОТО) Тајфун уби 28 луѓе во Кина
Објавено во: Свет 11 Август, 2019
Тајфунот Лекима, кој го погоди источниот дел на Кина уби 28 лица, а 20 се сметаат за исчезнати.
Евакуирани се над милион луѓе, а обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето. Во источната провинција Џејијанг, која беше погодена од тајфунот Лекима со налети на ветрот до 187 километри час има нарушувања во сообраќајот, а илјадници летови и железничките поаѓања беа откажани. Уништени се 173.000 хектари посеви и 34.000 домаќинства во Џејијанг.
фото ЕПА