23 Април, 2024
0.0300

(ФОТО) ТОП ПЕТ ресторани кои ќе ви го дадат најдобриот поглед на светот

Објавено во: Стил 22 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Совршено кулинарско задоволство започнува со добро зготвен и сервиран оброк, но тоа не е се.

На вашето задоволство влијаат уште многу нешта. Важен впечаток остава ентериерот на ресторанот, мебелот и целокупниот дизајн на ентериерот, услугата на персоналот и секако погледот.

Зарем не мислите дека храната е повкусна доколку вечерате на некое место кое има поглед кој остава без здив? Ресторан со спектакуларна панорама, секогаш ги подобрува сите ваши сетила што вашата перцепција за вкус ќе ја направат пофина.

Сигрно е дека ваквите места стануваат популарни обележја на некој град и привлекуваат многу љубопитни и гладни туристи од цел свет. Ако сте еден од нив, прочитајте и дознајте кои ресторани имаат најспектакуларен поглед на светот.

5. Restoran Grotta Palazzese - Пуља, Италија


Сместен во карпите со поглед на Јадранско море, овој ресторан во Пуља во Италија е место кое не смеете да го пропуштите.


4. Andronis - Санторини, Грција


Бутик ресторан Андронис на островот Санторини ги комбинира еден од најимпресивните погледи на море и највкусен избор на грчки специјалитети.


3. Crater Lodge, Танзанија


Во Нгоронгоро областа во Танзанија се наоѓа голем вулкански кратер-калдера кој е формиран пред повеќе од 3 милиони години.

Токму таму е сместен ресторан кој комбинира луксуз со естетика инспирирана од барокни дворци украсени со исто такви софи , позлатени огледала и одлични специјалитети.


2. Ithaa - подводен ресторан, Малдиви остров Рангали 


Овој ресторан е специјално место кое ќе ве импресионира со својата локација повеќе од било што друго

1.Le Panoramic, Шамони , Франција


Замислете си ручек на височина, обиколен со снежна прекривка додека ви пружа поглед на високиот Мон Блан...се ова е можно во овој ресторан , кој се наоѓа во Шамони ски центарот во Франција.

Плус еден кој го избравме за најдобар во оваа листа поглед од ресторани..Sirocco, Банког, Тајланд.

Овој ресторан се наоѓа на 63-ти кат на кровот на облакодер. Замислете поглед од оваа висина? Ресторанот нуди кулинарско доживување од 5 ѕвезди. Со џез музика ќе уживате во европски и азиски специјалитети.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган