19 Април, 2024
0.0256

(ФОТО) ТРАГИЧНИ СУДБИНИ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЏЕНОВА: Мирко загинал патувајќи на првиот работен ден

Објавено во: Свет 16 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Меѓу тоните бетон и метал урнати од надвозникот спасувачите во Џенова продолжуваат да бараат преживеани. Трагедијата која се случи однесе 42 животи, од кои три се деца. Скоро сто метри пат исчезнале во 15 секунди во понеделникот околу пладне.

Урнатиот надвозник се наоѓа на важен европски правец од Португалија до Турција, и повеќето жртви поминувале по него на пат кон местата на кои требало да го поминат својот годишен одмор. Под тоните асфалт настрадало тричлено семејство, информатичарот Роберто Робиано (44) со сопругата Ерсила Пичинино (41) и синот Самуел (9).


Само неколку метри од автомобилот на настраданото тричлено семејство Робиано, спасувачите под урнатините пронашле тела на тројца колеги настрадани на пат кон работа. 31-годишниот Мирко Вичини и 35 годишниот Бруно Касагранде, двајцата од Џенова.

Тие со месеци биле без работа и конечно добиле сезонска работа. Требало да работат како комуналци на уредување еколошки острови во локална компанија за отпад. Тргнале на својот прв работен ден и загинале заедно со колегата Сандра Кампор.

Семејство од Џенова тргналона летување во Сардинија, пишува Ла Стампа. Спасувачите во потрагата по преживеани во нивна близина слушнале звонење на мобилен телефон.


Пронашле чадор за сонце, детско ќебенце и мобилен на кој звонела мајката на Ерсина и бабата на Самуел, но спасувачите немале сила да одговорат на повикот.

Недалеку од мобилниот под урнатините биле телата на тричлено семејство кое тргнало кон пристаништето. Семејниот пријател рекол дека на местото на несреќата дошол околу 13 часот и го препознал автомобилот покрај кој ја здогледал топката со фотографија на Спајдермен со која си играл Самуел.


Во несреќата загинало и четиричлено семејство од Милано. 59-годишниот Андреа Витоне, 48-годишната Клаудија Посети и нејзините две деца од првиот брак 12 годишната Камила и 16 годишниот Мануел.

Меѓу загинатите е и 32 годишниот анестезиолог од Пиза, Алберто Фанфани кој на пат тргнал со девојката , 29-годишната Марта Даниси од Сицилија. Даниси била медицинска сестра, а нејзината смрт ги шокирала жителите на родниот град Сант'Агата ди Милитело. Се верува дека двојката тргнала кон градот Александрија каде Даниси неодамна е префрлена на ново работно место.


Андреа Черули (47) од Џенова, исто така загинал на пат кон работа. Бил вработен во пристаниште. Мајрус Џери и Еди Бокрин биле на пат кон работа во службено комби на компанијата EuroPulicia.

Нивните тела се најдени пред нивните родители и споруги кои дошле на местото на несреќата да помогнат во спасувањето.


Пронајдени се и телата на четири мажи од Наполи. Џовани Балтилоро (29) и Антонио Станционе (29), Матео Бертонати (26) и Џерардо Ерспосито (26) во моментот на уривање на надвозникот патувале кон Ница. Џенаро Сарнатаро (43) е возач на камион од Наполи, кој патувал од Франција кога загинал.

Останати жртви се 27 годишниот Карло Ерако Трулио и Стела Бокиа (24) пар од Арека во Тоскана, 35-годишниот Луиџи Мати Алтадона од Боргет Санто Спирит во Лигурија, 41 годишниот Франческо Бело, 53-годишниот Сандро Кампор, Џорџо Донаџо, деловен човек од Савона и Хенри Диаз, 30-годишен Колумбиец кој живее во Лигурија. Пронајдено е и телото на 34 годишната Елиса Боко.


Идентификувани се и телата на тројца туристи од Франција кои патувале на летување во Сардинија. 22 годишната Мелиса Арту и 20 годишниот Нана Гусман и Немати Ализе тргнале од Монпелие кон траект. Нивните тела се најдени откако спасувачи нашле бразлетна и обетки. Идентификуван е и Хуан Карлос Пастенес, 64 годишен готвач од Чиле кој живеел во Џенова повеќе од 30 години. Во време на уривање на мостот, тргнал на пат со сопругата Нора Ривера и 60 годишната пријателка Хуана Фигуера.

Сите најдени тела се префрлени во привремени капели близу урнатиот мост, а само неколку метри понатаму, десетина луѓе ја чекаа веста за своите роднини или пријатели.


Некои од нив, после вестите за уривање на мостот побрзале во најблиската болница, а голем број на корисници на социјалните мрежи го објавиле исчезнувањето на своите пријатели и познаници по пат на Фејсбук и Твитер.

Идентификацијата на настраданите почнала веднаш со помош на накитот кој е пронајден на нив, пирсинг и предмети најдени со телата. Сите најдени детали се спредени со списокот на исчезнати лица, а членовите на семејствата на оваа трагедија, по идентификацијата, се известуваат за тажниот исход.


Foto: AP, Printscreen YouTube


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените