(ФОТО) ТУРЦИЈА ЕДНА ГОДИНА ПО ПУЧОТ: Какви пораки испратија властите?
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2017
Турција денеска одбележува една година откако властите го спречија обидот за државен удар минатата година.
Турција ќе го продолжи режимот на вонредна состојба на 18 јули 2017 година, пишува весникот Hurryiet. Одлуката е донесена на седница на Советот за национална безбедност на Турција.
Тој најави дека владата ќе побара продолжување на мерката за вонредна состојба од парламентот пред истекот на 19 јули.
„Се разбира дека мерката ќе биде укината еден ден кога околностите го дозволуваат тоа, но најавата на точен датум би било погрешна. Слични проблеми се разгледуваат и дискутираат во рамките на Националниот совет за безбедност“- прецизира Јилдирим.
Тој ги нападна САД и некои европски земји. Тие според него не овозможија одржување на настани по повод одбележувањето на неуспешниот преврат и за примена на двојни стандарди, што се однесува до човековите права во Турција во споредба со нивните земји.
На 15 јули минатата година дел од турската армија се обиде да ја собори власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Повеќе од 240 луѓе, од кои поголемиот број цивили беа убиени за време на
пучот, а над 2.000 беа повредени. Од тогаш до денес во Турција се уапсени 50.000 луѓе,
а суспендирани се 150.000 луѓе во армијата, полицијата, судството, академици. Вчера
еден ден пред годишнината од неуспешниот воен удар отказ добиле повеќе од 7.000
полицајци, војници и јавни службеници.
Власта во Турција 15 јули го прогласи за национален празник.