(ФОТО) Туристи навалија во Словенија поради Меланија Трамп
Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2017
Меланија Трамп која наскоро ќе стане прва дама на САД е заслужна за порастот на бројот на туристи во Словенија.
Се очекува дека бројот ќе се зголеми во текот на мандатот на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп.
Меланија Трамп ретко го посетува своето родно место кое го напуштила како тинејџерка.
Севница стана позната, а некои знаат навистина да направат пари од овој податок.
Локална пекарница направи кекси со ореви кои се викаат Меланија.
Друг ресторан пак специјалитет со пастрмки го именуваше со истото име.
Наскоро ќе има и тура Меланија Трамп од Севница преку Љубљана до Милано.