(ФОТО) Во Бугарија се запали автобус во кој имало 50 патници
Објавено во: Балкан 15 Август, 2022
Во Бугарија се запали автобус во кој се возеле 50 луѓе.
Автопатот Тракија кај Бургас денеска е повторно затворен поради нов инцидент, објави „Бгнес“.
На автопатот се запалил автобус, кој е сопственост на општински превозник, а во возилото имало 50 лица. На лице место има две противпожарни екипи кои го гаснат пожарот, а засега нема информации за повредени лица.
Деновиве имаше автобуска несреќа во Бугарија. Човечка грешка најверојатно е причината за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија, соопштија бугарските власти.