(ФОТО) Воз полн со чешки и словачки туристи пристигна во Хрватска
Објавено во: Балкан 01 Јули, 2020
Првиот воз со чешки и словачки туристи пристигна во Ријека денеска кратко по 10 часот. 500 од нив, кои тргнаа синоќа, пристигнаа со воз од приватниот чешки железнички оператор РегиоЏет. Ова е прва директна железничка врска меѓу Хрватска и Чешка.
Ентузијастичките туристи беа пречекани на станицата од страна на голема група за дочек, меѓу кои и министерот за туризам Гари Чапели и градоначалникот на Ријека Војко Оберснел, како и „тим за дезинфекција“ што се качи во возот веднаш штом излегоа патниците.