(ФОТО) Возило се запали на бензинска станица на „Макпетрол“
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2019
Возило се запали на самата бензинска станица на „Макпетрол“ во центарот на Скопје, односно спротив Соборен храм „Св.Климент“, а интервенираше и пожарната служба и полицијата, но на крајот се заврши без последици.
Алармите се вклучиле и сите од околината побегнале, а поради опасноста од експлозија беше затворен пристапот на улицата која ги поврзува булеварите Партизански одреди и Илинденска.
Еден од вработените од бензинската станица сепак успеа да го изгасне возилото со противпожарен апарат.