(ФОТО) ЗА СЕКУНДА ГО ИЗГУБИЈА ДОМОТ: Воз удри во камион кој заврши врз куќа
Објавено во: Свет 06 Март, 2019
Додека го пиеле утринското кафе, луѓе останале без својот дом откако воз „исфрлил“ цел камион врз нивната куќа.
Според полицијата, воз удрил во камион додека камионот ја преминувал пругата и од силината на ударот, буквално камионот е фрлен врз куќата на Јакоб и Мариана.
Франц Мундерфинг за австриските медиуми вели дека неговите родители се очајни.
83-годишниот Јакоб и 79-годишната Мариана го пиеле утринското кафе во својот дом, во понеделникот, кога во нивната дневна соба „слетал“ цел камион и практично ја смачкал куќата.
Ѕидовите се срушиле, а камионот застанал на само два метри од луѓето.
Во оваа куќа сопружниците живееле 62 години, но сега не можат да живеат таму затоа што објектот ќе мора да се урне.