(ФОТО) ЗЕМЈОТРЕС ОД 7 СТЕПЕНИ: Во Измир се урнаа згради, се стресе и Грциja
Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2020
Потрес од 7 степени ги стресе грчките острови и дел од Турција на Егејското Море.
Земјотресот е регистриран на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир. Во овој град се урнаа згради.Улиците се поплавени.
Си-Ен-Ен Турк, објави дека земјотресот се чувствувал сè до Истанбул, а грчките медиуми пишуваат дека овој потрес се почувствувал скоро во цела Грција.
Жителите на грчкиот остров Самос, каде живеат околу 45.000 луѓе, се повикани да не се приближуваат до крајбрежјето, објави грчката организација за антисеизмичко планирање.