(ФОТО) ЖИТЕЛИТЕ ОД КОРЧА ШОКИРАНИ: Останаа под отворено небо и бараат шатори
Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2019
Жителите на албанскиот град Корча се шокирани од силниот земјотрес кој денеска ја погоди Албанија, а истиот е почувствуван и во западна Македонија. Но, по силниот земјотрес, имаше уште неколку потреси.
Бараат од властите да им поставуваат шатори за да имаат каде да престојуваат.
Земјотресот со јачина од 5.2 степени предизвика големи штети. Балканвеб јавува дека домовите кои беа оштетени од земјотресот од 1 јуни се целосно уништени од денешниот силен земјотрес.
„Останавме под отворено небо. Нашите домови беа оштетени, сега целосно ни се уништени. Никој ништо не направил. Ќе спиеме надвор. Нема друг избор. Бараме шатори и помош. Студено е“ – велат жителите од селото Видохово, Корча.
Многу куќи се со уништени фасади. Земјотрес од 3.1 степени денеска имаше и во Косово.
Фото: Балканвеб