20 Април, 2024
0.0278

ФОТОГАЛЕРИЈА НА ФАКТОР: БОГ СЕ ЈАВИ - како верниците масовно го прославија големиот христијански празник Водици

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Големиот христијански празник Водици, и покрај ниските температури и пандемијата на ковид, ги предизвика граѓаните на земјава да дојдат да го проследат фрлањето на крстот во водите на реката Вардар.

Нашиот фоторепортер Вангел Тануровски направи серија одлични фотогафии од годинашнава прослава на големиот христијански празник.


На церемонијата на која присуствуваа голем број верници, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан ги освети водите положувајќи го крстот во реката Вардар. Со овој чин кој го означува духовното прочистување и обновување, водите се преобразуваат во свети води, како потсетување на крштевањето на синот божји во реката Јордан.


Игор Јакимовски го фати Светиот крст кој г.г Стефан го положи во водите на Вардар во Скопје по нивното осветување.

„Оваа година крстот е за сите во знак на сплотеност и заедништво“, порача групата учесници на церемонијата, во која немаше традиционално скокање по крстот, а учесниците го дочекаа заедно прегрнати.

Јакимовски за МИА изјави дека на манифестацијата учествува 29-ти пат и порача дека крстот е заеднички и дека ова дејствување покажува сплотеност.

„Денеска сите видовте како ние сплотени го направивме самиот чин за пуштањето на Светиот крст, така што сосема случајно дојде во моите раце, меѓутоа верувајте тоа е како да паднал во сите раце на сите верници што беа долу во водите. Тука се сите момци, заедно прославуваме, јас ја имав таа чест да дојде во моите раце, тие ме испочитуваа како буквално јас да сум го фатил но тоа е наш заеднички крст и покажавме една сплотеност во овие како да ги кажам тешки времиња, така што ќе продолжиме да бидеме понатаму и се надевам дека ќе живееме една година што ќе биде безгрижна и година на враќање во нормала“, изјави Јакимовски.

Фрлањето го следеа и екипите на Црвениот крст.

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд