(ФОТО+ВИДЕО) АПОКАЛИПТИЧЕН ЗЕМЈОТРЕС: Се бројат загинати и повредени во Иран
Објавено во: Свет 08 Ноември, 2019
Земјотрес со јачина од 5.8 степени синоќа го погоди северозападен Иран, при што загинаа најмалку 6 лица, а повредени се повеќе од 300 луѓе.
Шест лица загинале, а 345 се повредени, изјави шефот на службата за итна медицинска помош, а пренесува Ројтерс. Земјотресот уриваше куќи.
По силниот земјотрес имало повеќе од 60 потреси.
Спасувачките екипи и хелохоптери се на терен.
Земјотресот е почувствуван во повеќе градови во Иран.
Во земјата често има земјотреси. Најмалку 214 лица загинаа, а повеќе од 2.800 беа повредени во силен земјотрес што во 2017 година, ја погоди областа на иранско-ирачката граница во иранската провинција Керманшах.
Утрово земјотрес имаше и во Македонија.