(ФОТО+ВИДЕО) БЕЈРУТ „ГОРИ“: На улиците се повредени повеќе од 160 луѓе
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2020
Повеќе од 160 луѓе се повредени денеска во протестите во Бејрут, Либан.
Во Либан избија масовни насилни протести против владејачката елита, а претседателот Мишел Аун денеска нареди војската да излезе на улиците за да воспостави ред.
„Над 65 луѓе се однесени во болниците, додека над 100 добиваат помош на лице место“, изјавил портпаролот на Црвениот крст, додавајќи дека меѓу повредените има припадници на безбедносните сили.
Во последните неколку дена уапсени се повеќе од 100 демонстранти.