23 Април, 2024
0.0251

(ФОТО+ВИДЕО) ГНЕВ И БОЛКА: Русе се прости од убиената новинарка Викторија Маринова

Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во соседна Бугарија голем број граѓани, роднини, пријатели и колеги денеска се простија од убиената новинарка Викторија Маринова. 

Таа е погребана во нејзиниот роден град Русе. Луѓето чекале ред во локалната црква Свето Тројство, за да положат цвеќе на ковчегот на 30-годишната новинарка, чие тело во саботата беше пронајдено во паркот во близина на Дунав. 

Градоначалникот на Русе, Пламен Стоилов, изјавил дека „бруталното убиство на новинарката фрлило сенка над еден мирен град".

Обвинителството во германскиот град Целе на почетокот на денот соопштило денес дека осомничениот за убиството на Маринова признал дека ја нападнал, но ги отфрлил обвиненијата дека планирал да ја убие и дека ја силувал и ограбил.

Осомничениот, идентификуван како Северин Красимиров, им рекол на обвинителите дека бил под дејство на алкохол и дрога кога во паркот влегол во расправија со жена што не ја познава, но дека ја удрил во лице и ја турнал во грмушките. Сепак, изјавил дека немал намера да ја убие.

Красимиров, е уапсен во вторникот во Германија и на основа на европски налог за апсење, ќе биде екстрадиран на Бугарија за 10 дена.

„Такви изроди не може да се воспитуваат“, рекол градоначалникот на градот Русе, Пламен Стоилов, пренесува бугарски блиц. 

Неговите зборови се кажани за време на погребот на брутално убиената новинарка Викторија Маринова, која беше силувана и убиена од Северин Красимиров. 

Маринова има 7-годишна ќерка.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот

АКО ПАТУВАТЕ ПРЕКУ БЕЛГРАДСКИОТ АЕРОДРОМ, ОВА ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Се менуваат правилата, пасошката контрола ќе се врши на поинаков начин

АКО ПАТУВАТЕ ПРЕКУ БЕЛГРАДСКИОТ АЕРОДРОМ, ОВА ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Се менуваат правилата, пасошката контрола ќе се врши на поинаков начин