(ФОТО+ВИДЕО) Хрватските репрезентативци пристигнаа во Загреб - дочекани со овации
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2018
Хрватските фудбалери слетаа со авион во Загреб.
На Мундијалот во Москва, Русија тие го освоија второто место, што е историски успех за земјата.
Хрватите се подготвени за голема прослава. Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч, а граѓаните кои ги пречекаа извикуваа „Лука“ и „Шампиони“. Во финалето играа со Франција, но беа поразени со 4:2.