(ФОТО+ВИДЕО) КЕФАЛОНИЈА Е НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Jaнос поплави стотици домови и однесе жртви
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2020
Keфалонија е непрепознатлива по ураганот Јанос.
Селото Асос остана без многу патишта. Локалните медиуми објавија снимки и фотографии од Асос и други места на островот кои се популарни.
Се гледа дека автомобилите се речиси целосно затрупани со земја, како и насуканите чамци.
Стотици домови се поплавени, а има и три жртви.
Експертите проценуваат дека на подрачјето на Кардица биле поплавени 5.000 куќи.
Ваквите бури во Грција се појавија во 1995-та година и се чести во изминатите неколку години. Владата ќе им помогне на погодените граѓани.
Во регионот досега немало невреме од вакви размери.