(ФОТО+ВИДЕО) Луѓе изгореа во пожар што „проголта“ најмалку 35 бродови
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2020
Oсум лица загинаа денеска во пожар што „проголта“ најмалку 35 бродови закотвени покрај реката Тенеси. Изгореа 35 бродови во Алабама.
Шефот на противпожарната бригада, Џин Неклаус, изјави дека настрадале сите осум лица кои претходно се сметале за исчезнати, и дека бројот на загинати може да биде поголем, затоа што не се знае колку лица биле на бродовите кои потонале, јави „АП“.
Неклаус вели дека седум лица кои биле изложени на ледената вода или се здобиле со изгореници се хоспитализирани.