(ФОТО+ВИДЕО) НАЈКРВАВ ДЕН ВО ИРАК: Во судирите загинаа 28 луѓе

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2019
Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Ирак има 28 жртви.
Ова е еден од најкрвавите денови откако почнаа немирите пред речиси два месеци.
Најмалку 24 луѓе денеска загинале во градот Насирија, кога безбедносните сили употребиле муниција и солзавец за да расчистат два моста каде имало демонстранти, а тие запалиле полициска станица.
Четири луѓе загинале и во Багдад, на мостот Ахар кој води кон Зелената зона каде се сместени Парламентот и владините згради.
Судири се пријавени и во градот Наџаф, еден ден откако толпите го запалија Иранскиот конзулат.
Ирачката војска денеска соопшти дека во неколку провинции се формирани кризни штабови, кои треба да воспостават безбедност и ред.
Ирачаните излегоа на улиците со барање да се намали невработеноста, да се расчисти со корупција и да се подобрат јавните услуги.
Oд почетокот на октомври, се убиени најмалку 350 луѓе, а илјадници се повредени.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Нема знаци на живи луѓе по ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд: Полицијата праќа дронови

(ВИДЕО) Петмина загинаа - ерупција на вулкан во Нов Зеланд

КАКО ДА СЕ РЕШИ УКРАИНСКАТА КРИЗА - ќе помагаат и Меркел и Макрон

(ВИДЕО) ТАЖНО И ДРАМАТИЧНО ВО АВСТРАЛИЈА: Сиднеј во чад и пепел, пожарникари мака мачат

Иако почнува да доминира, Макрон е исправен пред голем предизвик

(ФОТО+ВИДЕО) Експлозија на плин во зграда во Словачка уби најмалку пет луѓе

ФРАНЦИЈА НА НОЗЕ: Му порачаа на Макрон да се откаже од реформите во пензискиот систем

Граната е фрлена во прифатилиште за деца бегалци во Мадрид
