(ФОТО+ВИДЕО) НАПАД ВО ЊУКАСЛ: Жена со автомобил удри во муслимани
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2017
Автомобил влета меѓу верници кои го одбележувале празникот Рамазан Бајрам во Њукасл во Англија.
Настанот се случил пред спортскиот центар Вестегејт, пренесуваат локалните медиуми. Според првите информации, повредени се 5 лица, а се стравува дека меѓу нив има и деца.
Веднаш по нападот, приведена е жена чиј идентитет не е соопштен. Таа е одведена на испитување, а полицајците се обидуваат да утврдат што точно се случило.
На местото на настанот имало повеќе од стотина луѓе. Не се знае дали е во прашање тероризам. Ова не е прв ваков напад во Англија. Неодамна маж удри во верници пред џамија во Лондон.