(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Во Пула ветрот корнеше дрвја
Објавено во: Балкан 10 Август, 2017
Огромен облак кој се појави во северна Италија, денеска стигна до Истра, а во Пула силниот ветар корнеше дрвја.
Ровињ е прекриен со темни облаци. Исто е и Пореч, Стари Червар, Новиград.
Како што јавива Истрамет, времето најлошо ќе биде на подрачјето на Трстанскиот Залив и северозападот од Истра.
Истра неодамна ја зафати силно невреме, по многу топлиот бран што во Италија беше наречен „Луцифер“. Ветрот тогаш уриваше дрвја и носеше покриви.
Истрамет објави и фотографии снимени по дождот во Истра, а кои прикажуваат дека дождот е полн со африкански песок.