(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО РОМАНИЈА: Ветер корнеше дрвја, покриви, а има и мртви
Објавено во: Балкан 18 Септември, 2017
Силно невреме ја зафати Романија.
Осум лица загинале, а повеќе од 67 луѓе се повредени во западна Романија, каде имало ветрови со јачина од 100 километри на час, соопштија властите.
Едно лице го изгубило животот во Темишвар, откако врз него паднал билборд, а една жена ја усмртило дрво кое паднало, соопштила Елена Магереа, портпаролка на Генерлниот инспекторат за вонредни ситуации во округот Тимиш.
Врз едно од двете лица кои загинале во западниот град Бузјаш, исто така паднало дрво.
Откако невремето се поместило кон север, 50-годишен маж загинал во северозападниот град Бистрита, кога го удрила гранка додека минувал низ паркот.
Службениците ги информирале граѓаните да останат дома или да најдат засолниште. Сообраќајот на повеќе места е прекинат, поради тоа што невремето искршило многу стебла. Оштетени се покриви на неколку болници, училишта и станбени згради.