(ФОТО+ВИДЕО) Ова е мостот кој може да издржи земјотрес од 9 степени
Објавено во: Свет 04 Март, 2019
Висечки мост во Русија може да издржи многу силен земјотрес од 9. степени по Рихтер.
Тој е долг 439 метри долг висечки мост кој се издигнува 207 метри над долината Краснаја Полијана во Сочи. Дел е од адреналинскиот SkyPark во овој руски град кој е изграден според замислата на славниот холандски пустолов А.Џ. Хакет.
Го нарекуваат Небески мост, а за негова изградба се потрошени 740. тони челик и 2.000 кубни метри бетон.
Направен е така да може да се спротивстави на оркански ветрови, дожд, снег и урагани, па дури и земјотреси од 9.степени по Рихтер.
Ако одењето по овој мост и уживањето во погледот на околината и Црното море не ви се доволно јак адреналински предизвик, тука можете да се обидете и во банџи џампингот на 69. и 207. метри, или да ја испробате најголемата лулашка на светот од 170. метри.