(ФОТО+ВИДЕО) ПАРИЗ НА НОЗЕ: Демонстранти на улици, солзавци и водени топови
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2019
Нови демонстрации во Франција.
Во Париз, полицијата употреби палки и водени топови за да ги растера демонстрантите од улиците во центарот на градот.
Групи демонстранти бараат оставка од претседателот Емануел Макрон. Тие се собрани и на Елисејските полиња.
Се проценува дека на улиците има повеќе од 80 000 демонстранти. Илјадници и натаму маршираат низ градот, поминувајќи и по улицата каде утрово се случи силна експлозија во која загинаа двајца пожарникари и се повредени 50 луѓе.
Сите мостови на Сена се затворени, како и приодите кон претседателската палата и кон зградата на Парламентот. Франција и минатата година беше зафатена од масовни протести на „Жолтите елеци“ поради цените на горивата. За празниците имаше мала пауза, но сега повторно ова движење зема замав. Мирните демонстрации се радикализираат, за што се свесни и властите.
фото АP