(ФОТО+ВИДЕО) ПО ИРМА: Што затекнаа повратниците во своите градови?
Објавено во: Свет 12 Септември, 2017
На Флорида штетите се мали во однос на она што ураганот Ирма го предизвика на Карибите.
На луѓето кои се вратија дома по ураганот ќе им требаат недели и месеци за да се вратат во нормала.
Се проценува дека 12.5 милиони луѓе на Флорида се без струја и таквата состојба ќе потрае некое време.
Иако Мајами беше поштеден од силен удар, сепак туристичкиот центар на САД изгледа апокалиптично.
Улиците се поплавени, а многу куќи се без покриви.
Енигма е што се случува со малите острови на југот на Флорида каде ураганот удри со јачина од 4 категорија.
Бројот на мртви во САД е 10. Третина од жителите на Флорида заминале пред да удри ураганот.
Над 200.000 луѓе побарале сместување во 700 засолништа.