(ФОТО+ВИДЕО) ПРОГЛАСЕНА КАТАСТРОФА: Ќе наврнат уште три метри снег во овие земји
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2019
Илјадници луѓе во Австрија и Германија се без струја или заробени во домовите пред снежната прекривка која расте од час во час. Се предвидува дека снежните врнежи нема да запрат до понеделник, а со тоа и проблемите на жителите од областите Баварија, Штаерска, Тирол и Салцбург.
Во 11 часот во градот Марктшеленберг дојде до лавина, поради што е прогласена вонредна состојба.
Се очекуваат нови три метри снег. Откажан е и женскиот натпревар во скијање, што во сабота и недела требаше да се одржи во австрискиот ски центар Сент Антон.
Наносите на нов снег предизвикаа кинење на електричните далноводи, уривање на куќи и застој на патиштата.
фото EPA