(ФОТО+ВИДЕО) ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО НОВО МЕКСИКО: Има загинати деца
Објавено во: Свет 07 Декември, 2017
Најмалку три лица загинаа, a повеќе од 10 се повредени откако напаѓач пукал во училиште во американската сојузна држава Ново Мексико.
Според властите потврдени се три жртви, од кои двајца се студенти и еден е напаѓачот. Засега нема информации дали напаѓачот бил студент или посетител.
Не се знае под какви околности дошло до пукањето. Децата беа евакуирани од училиштето.