(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме во две земји на различни континенти
Објавено во: Свет 02 Декември, 2019
Снежно невреме ги зафати САД, а во Франција имаше поплави.
Над еден милион луѓе на североистокот од САД, се соочија со силна бура која е прва за оваа сезона. Ширум државата се откажани се околу 800 летови, неколку илјади се одложени, а многу патишта се затворени.
Повеќе од стотина летови се откажани во Чикаго, Сан Франциско, Њујорк и Бостон, а авион на авио компанијата „Delta“ се лизнал од пистата по слетувањето во Бафало.
Невреме го погоди и југоисточниот дел на Франција каде загинаа најмалку шест луѓе. Двајца загинаа во поплава, а тројца спасувачи загинаа откако се урнал хеликоптер. Овчар загинал при обид да помине река, а неговото тело е најдено на 4 км долж течението. Во реонот на Азурниот брег има исчезнати луѓе. Стотина куќи се поплавени. Откажани се спортски и културни настани, а многу училишта денеска не работат.