(ФОТО+ВИДЕО) СКАНДАЛ ВО БУГАРИЈА: Борисов фотографиран додека спие, а на масата стои пиштол
Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2020
Дел од бугарските медиуми објавија фотографии од премиерот Бојко Борисов во неговата спална соба.
На една од нив се гледа Борисов додека спие, а на друга може да се забележи ноќно масиче до креветот врз кое стои пиштол, како и пари и злато во фиока.
Борисов смета дека зад фотографиите стојат неговите политички противници, а целта е да го уништат.
Тој го обвини претседателот Румен Радев дека го снимал со дрон, кој го добил како подарок од Кина.
Борисов не негира дека бил снимен додека спие, но вели дека предметите на другите фотографи биле намерно поставени.
Бугарскиот премиер вели дека во неговата соба има сеф и нема потреба да чува пари во шкаф. Рече и дека не спиел со пиштол до главата, но од денеска можеби и ќе го направи тоа бидејќи е загрижен за својата безбедност.