(ФОТО+ВИДЕО) ВАКА ИЗГЛЕДА ЧИЛЕ ПОД СНЕГ: Врнежите доведоа до колапс
Објавено во: Свет 16 Јули, 2017
Чилеанската престолнина Сантијаго е под снег во јули и тоа предизвика хаос.
Снежната покривка достигна и до 53 цм.
Едно лице загина, две се повредени, додека скоро 300.000 луѓе се без струја и греење во градот.
„Падна снег и се чувствува магична атмосфера овде во Бели и во останатите делови од Сантијаго. Ова никој не го очеквуаше“ - вели еден од жителите.
Настрада работник обидувајќи се да го исчисти мразот, а две лица се повредени кога ги удрила струја од жица.
Метеоролозите информираа дека ова се најголеми снежни врнежи во Сантијаго од 2007 година.
На снегот му се израдуваа децата.