(ФОТО+ВИДЕО) Вакво снежно невреме немало 50 години
Објавено во: Свет 22 Јануари, 2020
Канада е завеана со снег, а вакво снежно невреме немало цели 50 години.
Во петокот во Њуфаундленд и Лабрадор, за само едно деноноќие се формирала снежна покривка од повеќе од 70 сантиметри. До недела веќе беше прогласена вонредна состојба, а напомош се испратени и војници.
Ова е можеби најлошата бура во изминативе 50 години, а наводно, се очекуваат уште врнежи од снег.