(ФОТО+ВИДЕО) ЗАБОРАВИЈА НА НЕМИРИТЕ: По 12 години во Ирак падна снег
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2020
Во Ирак по цели 12 години падна снег.
Жителите на главниот град Багдад денеска по долго време видоа снежна покривка.
На плоштадот Тахрир, луѓето уживаа во снегот и се фотографираа.
„Снегот би можел да паѓа до утре, со оглед на студеното време. Студениот бран дојде од Европа “, изјави Амер ел Jабери од Метеоролошкиот центар на Ирак.
Во земјата има и млади луѓе кои досега не виделе снег. Во 2008 година последен пат паѓал снег, но многу малку и за брзо се стопил. Oва е втор пат во 100 години да падне снег. Ирак е земја каде населението е навикнато на жештини. Највисоката измерена температура во Багдад е 51 Целзиусов степен.
За само неколку месеци Ирак имаше многу немири, и масовни протести од октомври во кои повеќе од 500 луѓе загинаа.