ФРАНЦИЈА БАРА ДА ПРЕКИНЕ БЛОКАДАТА НА КАТАР: Обичните граѓани се најпогодени
Објавено во: Свет 15 Јули, 2017
Франција бара четирите арапски земји кои го изолираат Катар да ги прекинат мерките и конечно да заврши кризата во оваа мала заливска земја.
Франција бара да се укинат мерките кои ги погодуваат граѓаните и луѓето кои се во мешани бракови, а чии членови се раздвоени.
Саудиска Арабија, Бахреин, Египет и Обединети Арапски Емирати во јуни ги прекинаа односите со Катар и ја изолираа земјата по воздух, копно и море со тврдења дека Катар ги помага екстремистите.
Овие земји и ги протераа катарските државјани. Кризата трае повеќе од месец дена.
Катар негираше поврзаност со екстремистички групи.