29 Септември, 2024
0.0340

ФРАНЦИЈА НА ЧЕЛО НА ЕУ: Западен Балкан е повеќе од соседство, ќе се работи на решавање на проблемите на линија Софија-Скопје

Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Франција денеска од Словенија го презема шестмесечното претседавање со Европската Унија. Официјален Париз најавува дека своето претседавање ќе го фокусира на прашањата за суверенитетот и градењето нов модел на економски раст, а како региони од посебно стратешко значење ги издвојува Западен Балкан, Африка и Индо-Пацификот.

Во својот говор по повод претстојното француско претседателство со Советот на ЕУ во првата половина на 2022 година, претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја најави политиката на „повторно ангажирање и инвестирање“ на ЕУ во Западен Балкан и оцени дека политичката и економската работа во регионот, е работа на суверенитетот на цела Европа.

„Западен Балкан е повеќе од соседство. Балканот е срцето на Европа“, рече Макрон.

Макрон, претставувајќи ги приоритетите на француското претседателство со ЕУ, изјави дека Западен Балкан повторно е исполнет со тензии. Тој посочи дека ЕУ има „посебна одговорност“ кога станува збор за овој регион и предупреди дека за 50 години нема да може да се зборува за „Европа на мирот“ доколку Западен Балкан „се остави во ситуацијата во која што е сега“.

Француските дипломати во Брисел оценуваат дека Макрон е „особено мотивиран“ и дека ќе го вложи „својот политички капитал во решавање на блокадата на Западен Балкан“.

Актуелната блокада на дијалогот меѓу Белград и Приштина тој ја гледа како еден од клучните проблеми во регионот и најавува дека ќе го продолжи процесот со новата влада во Берлин што претседателот Макрон и поранешната германска канцеларка Меркел го започнаа за да го олеснат дијалогот.

Покрај дијалогот меѓу Белград и Приштина, во плановите на француското претседателство со Советот на ЕУ е наведено дека ќе се работи на решавање на проблемите на линијата Софија-Скопје, како и на решавање на внатрешните проблеми во БиХ кои, според Париз, можат да доведат до дестабилизација на целиот регион. За таа цел, за време на француското претседателство, се најавува дека во мај ќе се организира конференција за Западен Балкан.

„Тоа нема да биде редовен самит на ЕУ на Западен Балкан, туку конференција на која ќе се занимаваме со конкретни проблеми во регионот“, велат француски дипломатски извори.

За официјален Париз, решавањето на европската и економската перспектива на Западен Балкан претставува борба за поголем суверенитет на самата Европа и најавува дека „програмата за суверена Европа“ ќе биде забрзана за време на француското претседателство.

„Наш прв приоритет е посуверена Европа. Тоа значи дека Европа може да ги контролира своите граници. Под француското претседателство, би сакале да го подобриме пакетот за миграција и азил, да видиме амбициозна реформа на управувањето со Шенген, како и зајакнување на заедничката одбранбена политика, но и одбрана на заедничките вредности“, се наведува во Програмата на француското претседателство. 


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство