Француската полиција трага по убиецот кој на маж му ја отсекол главата и му ја извадил утробата
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2021
Грозоморно убиство се случи во позната туристичка област Прованса – Алпи Азурен брег во Франција.
Во Болен е пронајдено тело на маж без глава и отстранета утроба. Полицијата смета дека не се работи за терористички напад. Полицијата објави фотографија од мажот, кој е осомничен за ова убиство. Тој е идентификуван како Алекс Мартин, а моментално е во тек обемна полициска потрага по него. Полицијата ја предупреди јавноста дека осомничениот е вооружен со нож и е опасен. На сите кои ќе го видат советувано им е да пријават во полиција. Во Франција повремено се случуваат и терористички напади, при што имало и обезглавување на жртвите.